Конгресна Сала

Огромна конгресна сала прикладна за најразлични настани
Congress in Hotel Montana in Krusevo
Congress Hall in Krusevo
Congress Hall in Krusevo
Entrance Hall for Congress Hall in Hotel Montana

Нашиот хотел има посебен оддел изграден за големи бизнис настани. Главна карактеристика е огромната конгресна сала со 330 седишта. Со цел поддршка на такви поголеми настани целиот оддел има посебен влез во хотелот, посебен ходник за рецепција, а на крајот на конгресната сала можете да најдете убава тераса со поглед над Крушево.

Се наоѓа во близина на хотелскиот паб, па лесно можете да ги организирате кафе паузите. Греењето е изградено на тој начин да е секогаш присутно, но колку е можно потивко. Исто така, го имаме поголемиот дел од потребната опрема за аудио - визуелна поддршка на настани, како видео проектор, систем за озвучување, видео конвертер и безжични микрофони. 

Друга карактеристика на овој оддел е одделната канцеларија што е дел од пакетот при изнајмување на конгресната сала. Тоа е голема практична канцеларија што можете да ја користите за чување на сите материјали и опрема потребни за вашиот настан. 

Интернет поврзаност

Оваа конгресна сала е користена многу често за настани кои се емитуваат директно од интернет. Покрај AC WiFi покриеност, постои можност за жична конекција во позадина, за непрекинат пренос. Брзината на download & upload е 200 Mbit/s што е повеќе од доволно за една таква активност. 

Нашата конгресна сала е користена на многу начини во минатото. Следат неколку примери: