Белград Саем за Туризам 2019

Белград Саем 2019

Со гордост објавуваме за нашите први интернационални маркетиншки напори. Се одлучивме да се презентираме на Белград Саем за Туризам 2019 во Србија. Ни сме дел од Македонскиот штанд. Заедно сме со многу од нашите колеги кои што го презентираат потенцијалот на Македонија и Крушево.

Овој саем трае од 21.02.2019 до 24.02.2019. Секоја година има илјадници посетители кои бараат места за одмор, забава и бизнис.

Хотел Монтана реши да се прикаже како локација за бизнис настани. Работевме на маркетинг со кој што ќе прикажеме многу од нашите простории од нашиот хотел оспособени за бизнис настани. Друг важен дел од нашата понуда се нашите тим билдинг услуги. Се погриживме да ги промовираме и нашите партнерски агенти кои што ни помагаат во исполнување и креирање на високо квалитетни тим билдинг услуги.

Зошто Белград Саем за Туризам 2019?

Ја гледаме Србија како дестинација каде што можеме да продаваме конференциски патувања и тим билдинг услуги. Затоа што автопатот до Македонија е скоро готов патувањето ќе биде многу скратено. Ова ја прави нашата држава далеку многу поатрактивна за бизнис патување. Ова е доста важно за компании и од Белград.

Планираме да држиме константно присуство на саемот за туризам во Белград. Планираме да креираме солиден имиџ за нашиот Хотел Монтана во Србија.

Белград Саем за Туризам 2019

Како се презентираме?

Нашето присуство е овозможено од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Македонија. Резервиравме заедно со нив и сме дел од Македонскиот штанд. Има многу други туристички агенции и хотели од Македонија на овој штанд.

Дополнително се ангажираме за директни контакти со нашите потенцијални партнери. Нашата главна цел е да привлечеме тур оператори да го вклучуваат Крушево. Поголем дел од нашите напори одат кон промоција на уникатните атракции на нашиот мал град. Ова е прв пат и Општина Крушево да се ангажира во Интернационални маркетинг напори. Среќни сме што научивме многу. Научивме за Српските туристи и што тие очекуваат од нас.